Судски превод

Судскиот превод е овластен превод на документи со вклучена заверка со потпис и печат од страна на преведувачот. 

Судските преведувачи се постојани и овластени преведувачи поставени од страна на Министерството за правда на Република Северна Македонија. По овластување од Министерството за правда, судските преведувачи добиваат Решение од страна на судот и печат кој го користат за потврда на официјалниот превод на судските документи. Покрај печатот, тие исто така го ставаат својот потпис на документите. Судскиот превод не е валиден доколку на него нема потпис и печат од страна на судскиот преведувач.

Најчесто барани судски преводи

  • Извод од матична книга на родени
  • Извод од матична книга на венчани
  • Извод од матична книга на умрени
  • Извод за државјанство
  • Уверение за кривична евиденција
  • Уверение за казнена евиденција
  • Универзитетска диплома
  • Додаток на диплома
  • Уверение за положени испити
  • Потврда за положени испити
  • Потврда за редовен студент
  • Потврда за запишан семестар
  • Диплома за средно образование
  • Свидетелства од средно и основно образование
  • Потврда за редовен ученик

Кога судот издава документи, тие може да бидат проследени со апостил. За преводот на овој апостил е исто така задолжен судскиот преведувач.

Добијте пресметка на цената на Вашиот судски превод

    на

    ПРИКАЧЕТЕ ДОКУМЕНТ

    pexels-anna-tarazevich-5196828